Принцот Чарлс со овој потег дал до знаење дека нема намера да се види со принцот Хари

ПРИНЦ Хари ќе отпатува од Лос Анџелес во Лондон за да биде со неговиот постар брат принцот Вилијам на откривањето на новата статуа на нивната мајка, покојната принцеза Дајана.
Нивниот татко принцот Чарлс ќе биде на неговиот шкотски имот во Балморал во тоа време, пишува The Sun.
„Чарлс јасно стави до знаење дека нема намера да биде во Лондон. Тој рече дека оди во Шкотска и дека не е договорена официјална средба татко и син”, изјавил извор близок до дворот.

Принцот Хари се очекува да пристигне во Лондон кон крајот на овој месец, бидејќи откривањето на статуата е закажано за 1 јули, денот кога принцезата Дајана, да беше жива, би наполнила 60. години. Пред да се сретне со неговиот брат, Хари мора да биде во карантин пет дена по летот.
„Браќата ќе пристигнат заедно само од почит кон нивната мајка“, додал изворот. Судејќи според изјавите на извори блиски до кралството, семејните односи остануваат комплицирани.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …