Пешачење и слабеење: Како со едноставна дневна активност можеме и’ да ослабнеме?

Пешачењето е секојдневна навика чии придобивки повеќето од нас не ги искористуваат во целост.
Имено, одењето може да биде единствената физичка активност потребна за слабеење, се разбира, со контролиран дневен внес на калории.

Пешачењето е широко достапен и лесен начин за слабеење, особено ако вашиот животен стил ве држи ‘оковани’ за маса и автомобил, вели личниот тренер Хана Дејвис од Тенеси. Покрај тоа што помага при согорување на калориите, одењето е одличен начин за намалување на стресот. А со помалку стрес, полесно слабееме.

15.000 чекори на ден
Хана препорачува да имате за цел 15.000 чекори на ден и да правите толку многу чекори секој ден. Тој број може да изгледа преголем, но го вклучува секој чекор што го правите од моментот кога ќе станете од кревет.
Не грижете се за тоа ако полека го зголемите бројот на чекори. Само одете, советува Дејвис. За разлика од зголемувањето на интензитетот на вежбање преку ноќта, удвојувањето на бројот на чекори преку ноќ нема да го оптерети телото, ниту да ја зголеми можноста за повреди.

Пешачење три пати на ден 20. минути
Ако пешачите три пати по 20. минути секој ден, тоа ќе ви помогне да го достигнете посакуваниот број чекори и да изгубите тежина. Истражувањето од универзитетот Џорџ Вашингтон открило дека луѓето кои пешачеле 15 минути по секој оброк имале подобра рамнотежа на шеќер во крвта (што може да ја намали желбата за повеќе храна откако само што сте јаделе) отколку оние кои оделе 45. минути во кое било време од денот. Ова значи дека одењето по ручекот може да ве спаси од вообичаената попладневна летаргија после јадење и желба за слатки.

Одење по угорница три пати неделно
Одење по угорница, што вклучува одење по скали, помага да се изградат мускули, што пак го забрзува метаболизмот. На тој начин, ќе потрошите повеќе калории дури и кога седите на вашата работна маса. Започнете со додавање на интервали на одење по угорница во вашата рутина за одење три пати неделно, а потоа постепено зголемувајте.

Вежбање
Слабеењето со одење не значи само одење. Паузи во кои ќе правите 15 до 20 клекнувања, склекови потпрени на клупа или направете длабоки расчекори.
Сите овие вежби го забрзуваат чукањето на срцето, помагаат во градењето мускули и ве спречуваат да ви стане здодевно, истакнува Хана.

Дневно внесување калории
Колку хранливи материи треба да јадете во текот на денот зависи од многу фактори, но повеќето жени кои слабеат со одење се држат до диета од 1200 до 1600 калории на ден, богата со протеини.
Ако сакате да изгубите тежина со одење со низок интензитет, ќе мора да обрнете големо внимание на вашата исхрана за да изгубите тежина. Иако ја зголемувате физичката активност, ќе мора да го намалите и внесот на калории, забележува Хана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …