Македонските фудбалери денеска против Холандија, Пандев најави збогување со репрезентацијата

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес….“, изјави Пандев.
Македонската фудбалска репрезентација попладне го игра третиот натпревар од групната фаза. Во Ротердам играме со домаќинот Холандија. Овој натпревар за капитенот Пандев е последен со репрезентативниот дрес, а и селекторот Ангеловски најави повлекување откако му истекува договорот со ФФМ…

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес“, изјави Пандев.

На моите соиграчи им посакувам да се пласираат на Светското првенство. Верувам дека можат да го остварат тоа, бидејќи станува збор за фантастични играчи, посочи Пандев.

По двата порази од Австрија и од Украина, црвено-жолтите најавуваат добра игра, бидејќи ништо не може да се загуби, а треба да покажеме дека не сме случајно на европскиот шампионат.

Мечот почнува во 18 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ѓоковиќ лесно до второто коло на ЛОИ. После мечот противникот го воодушевил со зборовите покрај мрежата…

НОВАК  ЃОКОВИЌ влезе во второто коло на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио. Тој …