Print

КСП ПОДИУМ- ЈАДРО, Кавадраци: Изложба на театарски фотографии на Драган Гајиќ

Изложбата е преземена од КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО, Скопје.

Кураторскиот текст на  д-р Ивана Јарчевска за изложбата, како и биографијата на авторот Драган Гајиќ:

“Патувањето низ кое Драган Гајиќ чекори во изложбата Фаза: Темно побудува чувства на притаени моменти естетизирани во мигот на улов. Уникатноста на неговата театарска фотографија е во визуелниот јазик кој го користи, во интимната средба што ја има со секој актер, во поставеноста на сите елементи во композицијата и во драматиката која ја носи секоја од нив, но и заедно. Фотографиите работени во периодот од 2015 до 2020 година се приказ кој во длабочината и бојата на темнината создаваат композиција на обмислена идеја, длабоки чувства и акцентиран микрокосмос.
Врската на Гајиќ со театарот е интимна приказна, каква што е и секоја вистинска приказна. Тоа е приказна низ фотографии кои излегуваат од полето на кое припаѓаат: документаристичка која има за цел да го зачува мигот на претставата која ја има во одреден временски/сценски простор. Таа сега станува уметничка експресија, зачувана рефлексија, исечок од театарската магија … Оној исечок во кој актерот преку неговиот лик/поза/трансформација станува слика која зборува илјада зборови.”

**************

Биографија
Драган Гајиќ е роден во Скопје, 1967 год. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности- отсек камера. Постдипломските студии за Фотографија и маркетнг ги завршил на NSSR NY New York.
Во периодот 2000-2020 има низа професионални ангажмани во филмови и копродукциски проекти како асистент на камера , во Македонија и во странство.
Директор е на фотографија во повеќе македонски серии, документарни филмови, ТВ филмови, реклами и музички спотови, а покрај тоа работел и на рекламни кампањи, едиториали, каталози и сл.
Со фотографија се бави од своја 6 годишна возраст кога татко му Душан Гајиќ, директор на фотографија на многу филмови во тогашната СФРЈ, ќе му подари два апаратa: Зенит лајка формат од руско проиводство и Тауер апарат од американско производство за филмови со голем формат.
Изложби на фотографија:
Дипломска изложба – NSSR NY New York
Самостојна изложба – SUBWAY New York
Самостојна изложба – Сезона 1 епизода 1 (S1E1)–Скопје Македонски народен театар
Заеднички изложби – National Geographic – Македонија Мала Станица
и други меѓународни и интернет изложби.
************
Изложбата е реализирана со финансиска помош на Министерство за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филхармонија и „Архангел” за поубаво Скопје

Tрадиционално во соработка со град Скопје, на 26 јули, во 21 часот во Градскиот Парк ќе се …