Детскиот анимиран филм „Патешествието на принцот“ вечерва во Кинотека

Анимираниот филм за најмладите „Патешествието на принцот“ вечерва во 18 часот ќе има македонска премиера во Кинотека на Северна Македонија. Станува збор за ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и КсавиерПикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме.

„Патешествието на принцот“ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стразбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival), како и на други фестивали за анимирани филмови.

Кратка содржина: Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег на земјата Ниокус, на кој се насукал по бродската несреќа. Таму го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, чии што родители ќе му пружат засолниште.Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот најпрвин ќе биде подвргнат на научни испитувања, а потоа во придружба на Том ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебенс вет.Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…

Дистрибутер е „Узенгија“, а дистрибуцијата е поддржана од програмата МЕДИА Креативна Европа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филхармонија и „Архангел” за поубаво Скопје

Tрадиционално во соработка со град Скопје, на 26 јули, во 21 часот во Градскиот Парк ќе се …