(ФОТО) ШЕХЕРЕЗАДА И СУЛЕЈМАН ЧЕКААТ ЌЕРКА: Глумицата организирала ЗАБАВА на која го открила полот на бебето – И се остварила желбата!

Актерката Бергузар Корел, попозната како Шехерезада и нејзиниот колега и сопруг Халит Ергенч, кој го паметиме како Сулејман Величествениот, ќе станат родители по трет пат.
Додека турските медиуми пишуваа дека бракот на актерската двојка е во криза, и дека тие се разведуваат, двајцата „работеле“ на трето дете. Шехерезада и Сулејман неодамна ја споделија среќната вест преку Инстаграм, а сега го открија и полот на бебето. Актерката организирала забава за откривање на полот на бебето, а кога откри дека очекува девојче, се израдувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Шехерезада објави фотографија од торта со украс во облик на бебе со розов венец, и признала дека „Господ знае колку го сакала тоа“.
Бергузар и Халит веќе ги имаат синовите Али и Хан. Двојката се венча во 2009. година и иако денес живеат во идила, нивниот брак беше проследен со неколку скандали поради наводните љубоморни испади на актерката.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …