Реакција на Владимир Блажевски за работата на дискотеките и локалите:„Јавен апел од мене до Венко Филипче и комисијата да реагираат многу поригорозно кај сите оние кои ги прекршуваат дадените протоколи бидејќи поразот ќе биде заеднички“

„Вака сега да ви кажам нешто, а кој како сака нека го сфати од газдите на дискотеки, клубови и локали.
Ние артистите бевме долго време затворени, а исто и вие и со причина, нормално. Сега кога не пуштија да работиме после 10 месеци, кога ни/ви дадоа некој понормални протоколи со оглед на состојбата во која се наоѓа цел свет, дел од газдите на клубовите и локалите се однесувате без грам почит кон донесените мерки но пред се и кон оние кои најодговорно се продржуваат и ги спроведуваат протоколите, а со тоа ги загрозувате вашите колеги но и сите нас артисти кои живееме и егзистираме од ова. После пак ќе ни/ви бидат криви Венко и компанија. Не бе другари сами сме/сте криви и немојте после да кукате ко ќе не/ве затворат за 2-3 недели од сега. Јавен апел од мене до Венко Филипче и комисија за заразни да реагираат многу поригорозно кај сите оние кои ги прекршуваат дадените протоколи бидејќи поразот ќе биде заеднички. И на крај не сме сите криви ниту ќе бидеме, санкционирајте ги оние кои идат против закон кој треба да е ЕДНАКОВ за СИТЕ без оглед на се!!!“, напиша Блашевски на Фејсбук.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …