После 24 години, проговорил лекарот на принцезата Дајана: “Пробав сè за да ја спасам! Се боревме!”

Принцезата Дајана, почина пред 24. години во сообраќајна несреќа во Париз
Д-р МонСеф Дахман, кој таа вечер ја примил принцезата Дајана во критична состојба, конечно им раскажал на сите за кобната ноќ.
– Спиев во просторијата за одмор, кога дежурниот анестезиолог ме разбуди и рече дека имаме итен случај – ја започна приказната докторот и открил дека во тој момент не знаеле за кого станува збор, но еден анестезиолог ја препознал и бил без зборови.

Имала големо внатрешно крварење
– Принцезата Дајана веднаш беше испратена на рентген, каде беше утврдено дека има опасно внатрешно крварење. Во тој момент, бидејќи нејзината крвна група сè уште не била утврдена, таа добила единица нулта крвна група. Околу два часа по полноќ, доживеа втор срцев удар – рекол тој.
Бидејќи принцезата Дајана се наоѓала во многу критична состојба, веднаш требаше и да се оперира, па немало време да се пресели во операционата сала. Постапката била извршена на самото место, а потоа било откриено дека и е оштетено срцевото ткиво.
– Направив сè за да може да дише, нејзиното срце не работеше како што треба затоа што не добиваше доволно крв. Помина половина час, знаевме дека ни треба чудо. Го повикаа најдобриот француски кардиохирург, го разбудија и го извлекоа од креветот за да дојде – додал докторот.

Утврдено е дека горната лева белодробна вена е искината, на местото каде што се поврзува со срцето. Иако успеале да ја санираат штетата, веќе било доцна, срцето на принцезата запре дури и пред операцијата, а ние вештачки ја одржувавме во живот.
– Пробавме масажа на срцето, дефлибрилатор, дадовме адреналин, но немаше спас – заклучил Дахман.
– Се боревме, испробавме сè, кога работите во ваква ситуација, не забележувате дека времето поминува. Болницата е еден од најдобрите ургентни центри во Франција. Успеавме да спасиме луѓе во многу полоша состојба од тоа. Ние бевме горди на тоа. Но, не успеавме – додал тој.
Таа ноќ Дахман никогаш нема да ја заборави, а целата ситуација добила еден бизарен детал.
– Дури следното утро, забележав дека моите кломпи се крвави. На нив имаше крв на Дијана. Не успеав да ги исчистам и еден од наредните денови ми пријде еден човек додека бев во болница и ми рече дека сака да ми ги купи кломпите, бидејќи на нив има „сина крв“. Фасцинантно е колку далеку луѓето се подготвени да одат – заклучил докторот.

Foto: YouTube printscreen /TopMotionClips

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …