Победа и нов државен рекорд, на Европското екипно првенство, за Дрита Ислами: Истрча прва на 400. метри со пречки

Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами, на најдобар начин го започна Европското екипно првенство, бидејќи вчера истрча прва во дисциплината 400 метри со пречки.
Покрај првото место, вест е и фактот дека Ислами повторно постави државен рекорд на 400 метри со пречки, минувајќи ја оваа дисциплина за 57 секунди и 53 илјадити.
Инаку, тренерот Игор Јакимовски изјави дека успехот на Дрита Ислами се смета за најдобар резултат на македонската атлетика во 21 век.
Стариот рекорд е подобрен за повеќе од секунда…
Со овој резултат Дрита освои 1095 поени во Светската атлетска федерација…
Колку за споредба, најдобрата руска атлетичарка на 400 м. со пречки, Ксенија Короченко, оваа година има за 32 стотинки послаб резултат од нашата Дрита…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …