Одличниот Ферстапен го победи Хамилтон со оружјето на Мерцедес!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Франција, седмата трка од годинашниот шампионат во Формула 1.

Младиот Холанѓанец ја забележа третата победа оваа сезона на патеката „Пол Ричард“, и 13. во својата кариера, со три секунди предност пред Луис Хамилтон во Мерцедес. Третото место го зазеде вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој беше на шест секунди оддалеченост.
Од самиот почеток борбата за триумф на југот на Франција беше сведен на две имиња, и тоа практично беше решено со одмазда за она што се случи пред неколку недели на Гран при на Шпанија. Ред Бул ја копираше стратегијата на Мерцедес, што му овозможи на Хамилтон да слави тогаш на „Каталонија“, исто како и на „Хунгароринг“ пред две години, па изненадувачки го покани Макс на уште една промена на гума. Мерцедес, како и Ред Бул во тоа време, доцнеа со одговорот, а Ферстапен имаше 20 круга да го стигне седумкратниот светски шампион, што го стори во претпоследниот круг.

Претходно холандскиот возач по стартот го испушти водството затоа што излезе од патеката, но Мерцедес направи грешка со тоа што прво го повика Валтери Ботас да ги смени гумите. Кога Хамилтон отиде во боксот, круг по Ферстапен, тој се врати зад него и не успеа да му се закани се додека возачот на Ред Бул не беше повикан за нови гуми. И покрај екстремно истрошените гуми, Британецот добро се држеше во финишот, но Ферстапен беше едноставно незапирлив.

Исто како Хамилтон, Ботас го чинеше стратегијата на Мерцедес од едно одење во бокс, што Перез одлично го искористи, престигнувајќи го Финецот на пет круга пред крајот. Вториот возач на Мерцедес мораше да се задоволи со четвртото место, со предност од околу 50 секунди пред Ландо Норис во Мекларен, а Британецот беше следен од неговиот тимски колега Даниел Рикардо. Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли беше седми, пред Фернандо Алонсо во болидот на Алпина, а освојувачите на бодови ги комплетира дуото на Астон Мартин, Себастијан Фетел и Ленс Строл.

Возачите на Ферари, Карлос Саинс Jуниор и Чарлс Леклерк имаа трка за заборавање, и останаа без бодови, иако беа во многу добри позиции во првата половина од трката. Шпанскиот возач дури имаше и втор круг кога излезе на патеката пред да заземе позиции на стартот, но тоа не беше главната причина за лошата трка. Интересно, трката за Големата награда на Франција ја завршија сите 20. возачи, а бод за најбрз круг освои Ферстапен.
Холанѓанецот сега има 131. бод на врвот од генералниот пласман, Хамилтон е втор со 119, а Перез е трет со 84.
Следната трка во сезоната во Формула 1 ќе се вози следниот викенд за Големата награда на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …