ГО РЕГУЛИРА НИВОТО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА, ГО ЧУВА ЦРНИОТ ДРОБ И ГО ПОДОБРУВА ВАРЕЊЕТО: Овој зеленчук е вистинско богатство за организмот!

Ако на вашето мени нема сладок компир (батат), време е тоа да го промените тоа
Слаткиот компир е сорта на компири, кои, за разлика од „обичните“, содржат значително повеќе хранливи материи и витамини. На телото му обезбедува голема количина на енергија. Има сладок вкус како резултат на едноставни шеќери, а покрај тоа содржи значителна количина на фитохемикалии, бета-каротин, витамини Ц, Б1, Б2 и Е, како и минерални соединенија, поради што се смета за функционална храна.
Поради својот богат состав, позитивно влијае на целиот организам. Може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта, да се зачува здравјето на црниот дроб и дополнително да дејствува како антиоксиданс, со што ќе се заштити телото од слободните радикали и штетните надворешни фактори.


Консумирајќи сладок компир, му обезбедуваме на организмот доволна количина на растителни влакна, што позитивно влијае на варењето и целиот дигестивен тракт.
Слаткиот компир според експертите е идеален како покорисна храна за дијабетичари. Овие тврдења се поддржани од бројни студии кои докажаа дека слаткиот компир може да го регулира нивото на шеќер во крвта.


Слаткиот компир може да се подготви на различни начини
Ќе ве воодушеви вкусот на пржено, печено и варено, а можете да го додадете во чорби и супи. Како гарнир оди добро со јунешко месо.
Најдобро е да го варите на пареа. Така ќе ја зачувате аромата и целосниот вкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …