(ВИДЕО) Починал најдолго заразениот Британец: 14. месеци имал корона – решил да го прекине лекувањето!

Човекот за кој се веруваше дека е најдолго заразен британски пациент со коронавирус починал откако решил да престане со лекувањето, по 14. месеци поминати во болница.
49-годишниот Џејсон Келк бил примен во болницата Сент Мери во Лидс откако во март минатата година бил заразен со коронавирус. Починал во петокот наутро, опкружен со семејството, откако решил да го прекине лекувањето.
Неговата сопруга Сју Келк во петокот ја споделила веста за неговата смрт и рекла дека Келк, кој работел како наставник по компјутерски науки во основно училиште, „починал во мир“.


„Со тешко срце, морам да ја споделам тажната вест дека Џејсон почина во 12:40 часот“, напишала таа на Фејсбук.
Оддавајќи и почит на нејзината „сродна душа“ и сопругот со која поминала повеќе од 20. години, таа рекла дека неговата смрт е „толку мирна“.
„Дефинитивно му беше важно да го стори тоа под негови услови, но сега остави страшно многу луѓе целосно изгубени“, рекла таа.
„Луѓето можеби не мислат дека е храбар, но Боже, тој беше. Јас навистина мислам така. Мислам дека најхраброто нешто што некогаш можеше да го направи е да одлучи дека повеќе не сака да живее така“, рекла Сју.

Минатиот месец, таа изјавила дека се плаши дека нејзиниот сопруг „се откажал“ откако состојбата се влошила и дека тој започнал да доживува „напари на несвестици“.
Келк, кој имал дијабетес и астма тип 2, бил пренесен на интензивна нега во април минатата година и останал таму повеќе од 14. месеци.
Вирусот ги оштетил белите дробови и бубрезите, а тој развил сериозни проблеми со стомакот, што значело дека мора да се храни интравенски.
Во претходниот период од оваа година, се чинело дека се опоравува, започнал да оди и да дише без респиратор и 24-часовен филтер за бубрези.

Во март, тој рекол дека се надева дека ќе се врати дома, но неговата состојба се влошила во мај. Тие морале да го вратат на апарати за дишење, а потоа добил уште две инфекции.
Починал опкружен со своето семејство, оставајќи зад себе пет посиноци и осум внуци, од кои две никогаш не ги сретнал затоа што се родени во изминатата година.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …