(Рецепт) Пица без тесто – совршен оброк за сите љубители на месо и зеленчук

Совршен оброк за ручек или вечера…
Состојки:
400 г мелено месо
1 средно голем модар патлиџан
4 чена лук
1 црвена пиперка
1 зрел домат
100 г гауда
2 лажици рендан пармезан
сол, црн пипер, оригано, босилок – по вкус
масло по потреба
Подготовка: модриот патлиџан испечете го во рерна, па излупете и испасирајте со пасираниот лук. Насолете идодајте црн пипер. Месото малку пропржете го ан масло и зачинете по вкус. Соединете го месото со модриот патлиџан и со смесата покријте намрсена тава за печење. По површината наредете пиперка исечена на ленти и коцки домати. Печете 20. минути во рерна загреана на 180. степени. Извадете, наросете со рендана гауда и пармезан, и вратете на неколку минути во рерната додека сирењето не се истопи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Истражувањата откриваат дека само ЕДНА РАБОТА НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ: Оние што го имаат ОВА, а тоа не се пари и кариера, живеат МНОГУ ПОДОЛГО И ПОДОБРО ОД ДРУГИТЕ

Според грчкиот филозоф Платон, за да имаат среќен живот – душа, разум, волја и желба, …