ПРЕКРАСНИ ВЕСТИ: Кристијан Ериксен пуштен од болница и ги посетил соиграчите

Играчот за врска на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, беше пуштен од болница шест дена откако доживеа срцев удар на мечот на Европското првенство што неговиот тим го одигра против Финска, потврди Фудбалскиот сојуз на Данска.
На Ериксен му беше вграден дефибрилатор во срцето, апарат што го стимулира срцевиот ритам, а операцијата беше успешна.
Ериксен во петокот ја напушти „Кралската болница“ во Копенхаген, а се наведува дека ја посетил репрезентацијата во Елсингер. Оттаму, тој отишол дома, каде ќе помине време со своето семејство.

„Ви благодарам на сите за огромниот број пораки за поддршка што ги добив деновиве. Неверојатно е да се почувствува и да се види такво нешто. Се чувствувам добро со оглед на околностите. Многу ми беше драго што ги видов момците по одличниот натпревар што го одиграа против Белгија. Нема потреба да потенцирам дека ќе ги поддржам во понеделник кога ќе играат со Русија“, изјави 29-годишниот Кристијан Ериксен по напуштањето на болницата.
Данскиот играч за врска колабираше во саботата, на 12. јуни, за време на натпреварот од првото коло во групната фаза на Европското првенство, кое Данска го одигра против Финска. Фудбалерот на Интер изгуби свест покрај аут-линијата, а лекарскиот тим започна да го реанимира на ужас на неговите соиграчи, семејството, сите присутни на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, но и милиони гледачи околу светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Пораките за поддршка почнаа да пристигнуваат веднаш, а надежта дека животот на Ериксен не е загрозен се појави кога беа објавени неговите фотографии, во кои тој беше свесен за моментите кога на носила беше отстранет од теренот.
Следниот натпревар Данска го одигра против Белгија, а играчите на двата тима му дадоа поддршка на поранешниот играч на Тотенхем и Ајакс на многу убав начин.

Ериксен ја напушти болницата во Копенхаген во петокот, а наскоро потоа отиде во базата на националниот тим.
„Не знаевме дека ќе дојде. Престанавме да тренираме. Неговата посета ни донесе добра енергија. Можевме да го гушнеме. Беше убаво да се види како шета со неговиот син. Беше добар ден од многу причини“, рекол Кристијан Нергорд.
Данска го загуби мечот од Финска, потоа беше поразена од Белгија. Следниот натпревар го игра против Русија во понеделник.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …