Пол во Франција за Ферстапен

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Франција.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе тргне од втората стартна позиција на неделната трка, додека трет беше неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Во Ред Бул можат да бидат задоволни и од пласманот на Серхио Перез, победникот на последната трка во Азербејџан, кој квалификациите ги заврши на четвртото место.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц беше подобар од другите, додека Пјер Гасли од тимот на Алфа Таури беше шести во квалификациите.

Првите 10 ги комплетираа Чарлс Леклерк, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Даниел Рикардо.
Квалификациите беа обележани и со два инциденти, Јуки Кунода направи грешка во раната фаза, па Јапонецот трката во Алфа Таури ќе ја започне од последната позиција, а во Q2 дел од квалификациите, грешка направи и Мик Шумахер, кој ќе стартува од 15-то место.
Грешката што ја направи може да му го уништи најдобриот учинок во квалификациите за сезоната, бидејќи за прв пат се квалификуваше на Q2, а младиот Германец верува дека штетата на болидот не е толку сериозна за да се загрози неговиот старт на неделната трка, што можете да го гледате на Спорт Клуб 3 од 15 часот.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …