Џон Парагон – Во 67. година починал популарниот Пи Ви: Причината за смртта не е позната!

На социјалните мрежи, фановите и соработниците почнале да се збогуваат со популарниот актер. Многумина жалат затоа што тој со своите улоги го одбележал нивното детство
Актерот Џон Парагон, најпознат по улогата на Пи Ви во серијата „Pee Wee’s Playhous“, починал под неразјаснети околности уште во април, пренесува TMZ.

Фановите се збогуваат со актерот на социјалните мрежи.
– ‘Многу ми е жал за тоа. Јас пораснав со него. Тој беше брилијантен како Џамби. Изгубивме навистина одличен комичар ‘,’Тој беше многу забавен’,’RIP’- пишуваат корисниците на Твитер.

Режисерот и продуцент Томи Хатсон јавно се простил од актерот.

https://twitter.com/i/status/140569475351821101072

Да потсетиме, Џон Парагон е роден во градот Енкориџ во Алјаска на 9. декември 1954. година. Се школувал во Колорадо. За време на неговата кариера, тој глумеше во планетарно популарната серија „Сајнфелд“, детскиот филм „Принцот жаба“ и во филмовите ‘Eating Raul’, ‘Echo Park’, ‘Elvira: Mistress of the Dark’, ‘Going Berserk’, ‘Pandemonium’, ‘The Rich Man’s Wife’, ‘Double Trouble’, ‘Pee-wee’s Big Holiday’, ‘Red Riding Hood’, ‘Elvira’s Haunted Hills’ и многу други.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …