ПОПЛАДНЕВО СЕДЕТЕ ДОМА: Следува невреме со пороен дожд и грмежи, еве до кога се најавува ваквото време!

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време. Како што најави УХМР, попладнево повторно се очекуваат врнежи, грмежи и засилен ветер, а така ќе биде и во следните денови. На некои места се прогнозира и изолирана појава на град проследена со крактоктрајно невреме.
„До вторник ќе биде претежно попладне нестабилно и локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Нестабилноста ќе е изразена особено во текот на утрешниот ден.
Од вторник условите ќе се намалат но и понатаму понекаде ќе има услови за повремено пороен дожд и појава на грмежи претежно во попладневните часови“, се вели во предупредувањето од УХМР.


-Денеска, од пладневните часови на места и особено во планинските региони на западот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. Во Скопје од пладневните часови ќе има зголемена облачност, појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне 32 степена. Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени, наведува УХМР.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спомен на Светите маченици Гуриј, Самон и Авив: Денеска православните верници го почнуваат Божиќниот пост

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 ноември. Денеска е Св. маченици Гуриј, …