На девојката, по повод Еуро, и врачил договор: „Нема пораки, јавување само во итни случаи!“

Џорџа Холмс од Велика Британија на ТикТок го покажала договорот што и го врачило момчето Џол по повод Европското првенство во фудбал на ТикТок.
„Нема шанси да сум единствената која добила писмо од момчето во пресрет на Европското првенство во фудбал“, напишала таа.
Воведени се нови услови, додала.
„Ја пишувам оваа е-пошта како документ со условите и одредбите за Европското првенство, што ќе се одржи од петок, 11. јуни 2021. година, до недела, 11. јули. Сега ќе ги кажам вашите услови и одредби“, го започнал мажот писмото, кое многумина ги насмеало.
Правилата вклучуваат, меѓу другото, дека нема да има „интеракција со мобилниот телефон“ освен ако тој не и се јави да и каже „дека фудбалот се враќа дома“.
Второто правило е дека таа не смее да го прашува кога ќе се врати дома, бидејќи поголемиот дел од времето ќе го помине во пабот. Клаузулата три сепак и дозволува да го повика момчето кога станува збор за итни случаи.
Може да му испраќа пораки само на полувреме или на крајот од натпреварот, бидејќи неговото „целосно внимание мора да биде насочено кон играта“. Испраќањето пораки за време на пеналите е строго забрането.
Тој исто така додал дека секое лошо расположение предизвикано од играта не смее да го сфати лично, а исто така најавил дека честопати ќе се враќа дома во алкохолизирана состојба.
„Ако верувате дека пропуштив нешто или имате други предлози, можете да се јавите или да закажете состанок во живо секогаш кога ви одговара. Ви благодарам“, се заклучува во документот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Свадбени фотографии од овој пар разбесниле многумина: „Најодвратни на сите времиња“

Фотографиите од венчавката на непознатата двојка се проширија на социјалните мрежи, а необичната тема на …