КАРДИО-ХИРУРГ ОБЈАСНИЛ: Еве што е целта на апаратот што ќе му го спаси животот на Ериксен и што повеќе фудбалерот нема да може да прави!

Имплантираниот дефибрилатор е моќен уред што ќе му го спаси животот на Кристијан Ериксен, кој падна на теренот по срцев удар. За што точно станува збор и како ќе изгледа животот на еден млад фудбалер, објаснил кардиохирургот, проф. д-р сц. Жеjко Сутлиќ.

„Инсталирањето на вметнат дефибрилатор е рутинска операција. Обично се всадува по сличен инцидент каков што го доживеал Кристијан Ериксен, при срцев удар поврзан со разни аритмии, односно кога срцето не чука како што треба“, објасни д-р сц. Жеjко Сутлиќ.


Тој додава дека станува збор за дефибрилатор со функција на кардиовертер, што значи дека реагира на секоја аритмија што ќе се појави кај пациентот и ја пренесува во нормален ритам на срцето.
Тоа е уред чија електрода е поставена во десниот дел на срцето. Тој е вклучен 24. часа и го следи пациентот. Ако повторно се појави аритмија кај него, апаратот започнува аритмијата и ја претвора во нормална работа на срцето, објаснил д-р Сутлиќ.
По инсталацијата на овој уред, нема специјално закрепнување и може многу брзо да се врати на секојдневните обврски.


„Иако со овој уред живеете нормално, а можете да се бавите дури и со аматерски спортови, како што е тенис, за жал за сите љубители на фудбалот, сигурно е дека Ериксен нема да може да продолжи да игра професионален фудбал, бидејќи тоа е тежок спорт кој бара голем физички напор“, рекол д-р Сутлиќ.
Пациентите кои имаат инсталирано дефибрилатор, треба да избегнуваат силно електромагнетно зрачење, кое и инаку не го среќаваме во нормалниот живот, и по неколку години, треба да се провери литиумската батерија што го напојува уредот, која е исто така инсталирана под кожата.

Извор: 24sata.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …