(ВИДЕО) ТРАМП СЕ РАЗВЕДУВА!? Не го гледаат со Меланија а сега се појавила снимка со која Словенката потврдила дека е крај!

Набргу откако Доналд Трамп ја напушти канцеларијата на претседателот на Соединетите држави, медиумите беа најмногу заинтересирани за Меланија Трамп.
Имено, поранешната прва дама за време на мандатот на нејзиниот сопруг отворено покажа дека не е најсреќна што е во брак со еден од најбогатите луѓе на светот.
Еден месец по напуштањето на Белата куќа, ударна приказна на порталите е дека Меланија Трамп е решена да се разведе и не сака да го гледа сопругот во слободното време.
Сомнежи дека поранешната манекенка и модна икона полека, но сигурно подготвува терен за напуштање на Трамп, е и прославата на роденденот на Доналд на 14. јуни, на кој таа не се појавила. Според британските медиуми „Дејли Стар“ и „Мирор“, никој не ја видел Меланија на забавата.


Поранешниот претседател организирал роденденска забава во голф-клуб во Њу Џерси со неговиот син Доналд јуниор. На роденденското видео може да се видат бројни гости, но Меланија не е меѓу нив.
Луѓе блиски до Мелнија им откриле на медиумите дека нејзината дневна рутина не се сменила многу откако Трамп го напуштил претседателското место. Таа не сака да дава изјави или интервјуа за новата прва дама и каков бил нејзиниот живот за време на нејзиниот престој во Белата куќа. Поголемиот дел од времето го поминува со својот син Барон и повремено го гледа Трамп на ручек, но надвор од тоа не е во контакт со сопругот, па се сомнева дека Меланија се подготвува за развод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …