(ВИДЕО) ПАМЕТНИ НОКТИ? Овој салон за убавина нуди необична услуга и клиентите полуделе по тоа!

Салонот за убавина во Дубаи ја кренал услугата на маникир на друго ниво.
Салонот „Ланор Бјути Лаунџ“ во центарот на Дубаи им нуди на своите клиенти можност да вметнат микрочип на нивните нокти. Чиповите можат да послужат како дигитални визит-картички или да им овозможат на сопствениците да споделуваат информации од нивната сметка на Instagram.
Чипуваните нокти се поврзани преку мобилни телефони.
„Ние ги инсталираме информациите што ги сакате, како што се име, телефонски број, сметка на социјалните мрежи или веб-страница“, рекла Нур Макарем за Си-Ен-Ен.
Макарем започнала да ја нуди услугата „паметни нокти“ кога избувнала пандемија на коронавирус. „Единствениот предизвик е тоа што тие треба да бидат доволно мали за да ги собере на ноктот“, објаснила таа.
Досега, во салонот има вградено повеќе од 500 микрочипови, а Макарем се надева дека микрочиповите на ноктите наскоро ќе оживеат и на други места, како што се дигитални менија за келнери или безконтактни плаќања.

Фото; Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА КАМЕРОН ДИЈАЗ СО ЌЕРКАТА: Се повлекла од светот на глумата за да се посвети на семејството а девојчето е нејзина вистинска копија!

Познатата актерка Камерон Дијаз откри на почетокот на 2020 година дека со рокерот Бенџи Маден …