Чаша вода од јачмен е подобра од грст лекови: Го регулира холестеролот, го штити срцето и го забрзува метаболизмот

Здравјето на целиот организам се чува со чаша вода од јачмен ако ја консумираме секој ден.
Јачменот содржи голема количина на растителни влакна, кои не можат да се растворат во вода, така што тие придонесуваат за регулирање на лошиот холестерол во крвта и решаваат кардиоваскуларни проблеми. Тие придонесуваат за подобра циркулација и прочистување на крвните садови.
Покрај тоа, водата од јачмен го штити срцето со спречување на атеросклероза.
Исто така, се покажало дека водата од јачмен е ефикасна во процесот на здраво слабеење. Содржи многу растителни влакна и ќе ве држи сити долго време. Овој пијалок исто така го забрзува метаболизмот на мастите.
За да го забрзате слабеењето, пијте 3. чаши вода од јачмен на ден.
Бидејќи има алкална природа и е богата со растителни влакна, водата од јачмен е одлична за здравјето на дигестивниот систем и помага при запек, хемороиди и гастритис.
Водата од јачмен се препорачува и за луѓе кои страдаат од дијабетес, бидејќи помага во стабилизирање на нивото на гликоза во крвта. Исто така, јачменот го намалува ризикот од дебелина и со тоа влијае превентивно на појавата на дијабетес тип 2.


Водата од јачмен помага да се исфрлат токсините од телото и на тој начин ја одржува кожата здрава и сјајна. Покрај тоа, јачменот содржи состојка азелаик, која е ефикасна против акните и го намалува воспалението. Антиоксидансите во јачменот спречуваат слободните радикали да ги оштетат клетките и со тоа го одложуваат појавувањето на знаците на стареење на кожата.
Водата од јачмен можете да користите и како маска. Нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете.
Бидејќи станува збор за диуретик, не пијте повеќе од шест чаши вода од јачмен на ден. Овој пијалок содржи глутен, затоа не се препорачува за луѓе кои се нетолерантни на овој протеин.

Како да се подготви вода од јачмен
Исплакнете го јачменот под проточна вода, потоа натопете го и оставете го да стои во водата најмалку четири часа додека семето не набабри. Исцедете го јачменот и измешајте чаша јачмен и 750 милилитри вода. Ставете го на оган и варете го додека не почне да врие, а потоа намалете ја температурата и оставете го покриен на тивок оган да врие околу 45 минути до еден час, додека зрната не омекнат.
Оставете да се излади, па процедете. Пијте една до две чаши филтрирана вода од јачмен на ден. Ако сакате да го подобрите вкусот на овој пијалок, додадете малку сок од лимон или мед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Истражувањата откриваат дека само ЕДНА РАБОТА НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ: Оние што го имаат ОВА, а тоа не се пари и кариера, живеат МНОГУ ПОДОЛГО И ПОДОБРО ОД ДРУГИТЕ

Според грчкиот филозоф Платон, за да имаат среќен живот – душа, разум, волја и желба, …