(ФОТО) Меган Маркл нема да присуствува на откривањето на статуата на Лејди Ди

Кралското семејство на 1 јули ќе постави статуа во палатата Кенсингтон во чест на принцезата Дијана. Статуата ќе ја краси „Потопената градина“ што и беше омилено место на имотот.
Имено, ако принцезата Дијана не загинеше во сообраќајна несреќа, таа на 1 јули оваа година ќе наполеше 60 години. По тој повод ќе се собере англиското кралско семејство, а статуата заедно ќе ја откријат принцовите Хари и Вилијам.

„Radar on line“ претходно објави дека Меган Маркл ќе присуствува на овој настан, сепак, најновите информации го тврдат спротивното, имајќи предвид дека извор на „Daily Mirror“, близок до Хари и Меган, потврдил дека принцезата сепак нема да дојде.
„Меган не планира патување. Таа неодамна се породи и овој пат Хари ќе патува сам“, изјавил близок извор за „Daily Mirror“.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …