Филмот за деца и тинејџери „Хакер“, синхронизиран на албански јазик, во Кинотека на Северна Македонија

Семејната акција„Хакер“ наменетазанајмладитегледачинад 8-годишна возраст, синхронизирана на албански јазик, ќе има премиера во вторник (22 јуни) во 18:00 часот во Кинотеката на Северна Македонија.

Филмот во режија на Пол Берг беше најдобар филм на Stockholm Film Festival Junior минатата година.Филмот се врти околу 13-годишниот врвен хакерБенџамин, кој истовремено е и недоверлив тинејџер.Татко му никогаш не го познавал, а откако мајка му ненадејно исчезнува пред седум години тој живее во дом за сираци.Еден ден на посета доаѓаат двајца мажи од Тајната разузнавачка служба на Данска кои го известуваат дека една жена за која веруваат дека е мајка му на Бенџамин била регистрирана од надзорните камери на аеродромот неколку дена порано.На почетокот, Бенџамин е шокиран од веста.Сепак, тој наскоро се решава да ја испита работата и да дојде до дното на она што навистина и се случило.

Истовремено филмот ќе се прикажува и платформата Cinesquare.net по цена од само 62 денари на следниот линк https://cinesquare.net/#/movie/2096/hacker_sinkronizuar_n_gjuhn_shqipe.

Проекцијата ја организира продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“ од Скопје, која во последните три години успешно ги прикажа детските филмови „Кариран нинџа“, Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Малиот гангстер“.

Проекциите во Кинотека и онлајн се во рамки на проектот Kid Square – детско катче поддржано од Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …