Трогателен потег на популарната пејачка: Платила 8.000 долари за погребот на свој обожавател

Светската sвезда Меган Ти Сталион направила необичен потег, кога платила 8. илјади долари за погребот на својот обожавател.
Популарната раперка не можела да не реагира, кога на социјалната мрежа Твитер и била испратена многу трогателна порака.

Тажна порака
– Изгубивме пријател. Тој почина ненадејно. Те сакаше многу. Ние секогаш ги слушавме твоите песни заедно. Ние сакаме да му помогнеме на неговото семејство со погребните трошоци. Создадовме фонд на Интернет за тоа и сме на половина пат да ја собереме потребната бројка – гласела пораката.
Иако не сакала да биде објавено во јавноста или да се споменува, таа одлучила да го стори тоа во тајност, па уплатила 8.000 долари на сметката и со тоа предизвикала неверојатни реакции во јавноста.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Megan Thee Stallion (@theestallion)

– Сакам да ја споделам оваа приказна со сите затоа што имам увид во сметката на фондот и знам кога пристигна оваа сума, иако таа не зборуваше за тоа јавно. Тоа доволно кажува за неа – рекол пријател на починатиот дечко кој доставил извод од фондот како доказ за неговите тврдења, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали Алек Болдвин може да ОДИ ВО ЗАТВОР за УБИСТВО? Еве што вели нивниот закон!

Актерот Алек Болдвин за време на снимањето случајно убил жена и ранил маж. Законот на …