Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин испишуваат историја – ќе гостуваат во националниот театар „Шајо“, Париз

РисимаРисимкин и Скопје танцовиот театар ја испишуваат историјата на современиот танц

Во годината во која одбележува јубилеј од една деценија постоење, Скопје танцовиот театар и РисимаРисимкин продолжуваат да испишуваат историја. На покана на светски познатиот национален театар „Шајо“ (Chaillot) од Париз, Франција, македонските танчери предводени од кореографкатаРисимаРисимкин, во март, 2022 година, ќе ја одиграат париската премиера на „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“ во салата ФирменЖемие.

Најавата за премиерата во Франција ја пишува Филип Нуазет, еден од најдобрите светски теоретичари и критичари за танц, кој вели „….Среќа е кога се откриваат нови територии на танцот. Така РисимаРисимкин ја става Македонија на европската кореографска карта….“

Сезоната 2021/2022 во Шајо е најавена како „Уметност на сврзувањето“ и во неа, на „театaрот на ридот“, во срцето на Париз, ќе се претстават 39 претстави со 246 изведби, со извонредни кореографски имиња, помеѓу кои и Матилда Монтие и Батшева танцова компанија на ОхадНахарин, со цел да се презентира оригиналnоста и различноста, која на париската публика, како и светската која го посетува „Шајо“ ќе им овозможи да вкусат дел од сонот кој овие кореографи танчери го произведуваат како одговр на општеството; тие „ќе се нурнaт надвор од европските граници…за да уживаат во претставата на Скопје танцовиот театар“ која Нуазет ја карактеризира како „изигрување на стереотипите, за да прикаже слободен танц“.

„РисимаРисимкин пишува со гестови кои се уникатни и интензивни“ вели светски реномираниот критичар Филип Нуазет и ја  најавува „ИДЕНТИТЕТИ“ како „визит-карта на една уметница со веќе богата креативна кариера и би требало да изненади многумина. Во контекст на тековната криза, РисимаРисимкин сака да го преиспита изразот на движењето. Во „ИДЕНТИТЕТИ“ нема допирање, но се споделува овој свет, оставен сам на себе, понекогаш солидарен. Рисимкин се прашува што може да нѐ спаси. Убавината? Веројатно. На сцената ќе сретнеме една танчарка-лебед, неверојатни суштества на потпетици, магични паради. …. „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“ наликува на мечтаење.“, завршува тој.

Претставата „ИДЕНТИТЕТИ- Историја на еден растегнат сон“ се изведе минатата година во рамки на фестивалот Охридско лето, по повод одбележување на 30 години јубилеј кореграфска работа на Рисимкин, а во оригиналната постава на претставата се појавија танчерите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески, Валентино Апостоловски и ИсидораКраљавска, а гостин во продукцијата беше и примабалерината на МОБ Мими Поп-Алексова. Продукцијата е на културниот центар Интерарт, позади извонредната музика за претставата се потпишува Тони Китановски, костимографијата е на Благој Мицевски, а зад сценографијата и светлото стои Матеа Мијановиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …