Погледнете хит снимка: Обезбедувањето на влезот на стадионот не го препознало Роналдо

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО импресивно го отвори Еврото каде Португалија ја брани титулата. Тој ги предводеше до победа од 3:0 постигнувајќи два гола и соборувајќи три големи рекорди.
Капитенот на Португалија стана првиот играч во историјата кој играл на пет различни Европски шампионати, а патем стана и првиот што постигнал барем по еден гол на пет Еура. Роналдо не застана тука. Со овие два гола тој постигна 11. голови на Европските шампионати, според што е исто така рекордер. Зад него беше Мишел Платини, кој постигна девет погодоци.
Со овие два гола, Роналдо постигна 106 погодоци за Португалија и сега има само три гола разлика од израмнување со Иранецот Али Даеј, најдобриот стрелец на националниот тим во историјата.
Сепак, Роналдо не беше „признаен“ од премногу ревносен чувар при влегување на стадионот Ференц Пушкаш. Снимката, која веднаш стана вирална и која можете да ја погледнете овде, покажува како еден службеник трча кон него и го запира. Потоа од Роналдо бара детално да му ја покаже својата акредитација.
Откако се уверил дека е тој, го пушти на стадионот. Таму Роналдо влезе во историјата по којзнае кој пат.

Фото: Принтскрин/Marca


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Легендарниот борец има корона и е во тешка состојба, не бил вакциниран: „Ова не е шега“

ЛЕГЕНДАРНИОТ УФЦ борец Диего Санчез е во болница поради коронавирус и е во тешка состојба. …