Одржано Собрание на МОК во новиот Олимписки дом С.Ц. “Јане Сандански”

На 36 дена пред почетокот на ОИ ТОКИО 2020 (23 Јуни – 8 Август 2021 година), на 16 Јуни 2021 година, во олимпискиот дом на МОК, СЦ “Јане Сандански” се одржа редовното Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. На почетокот на Собранието, Претседателот на МОК, Даниел Димевски изрази голема благодараност до потпретседателот на МОК, Димитар Костадинов како и до г-динот Сергеј Самсоненко, кој е нов член на УО на МОК, за реализација на партнерскиот договор со кој МОК се здоби со правото на користење на овој фантастичен спортски објект. Претседателот на МОК, Даниел Димевски потенцираше дека овој нов Олимписки дом е дом на МОК, но и на сите Национални спортски федерации, спортски клубови и спортисти и изрази големо задоволство од големиот дел на нови спонзори на Националниот олимписки комитет.

Претседателот Димевски изрази задоволство од двете “А” Олимписки норми со кои Дејан Георгиевски и Магомедгаджи Нуров се сериозни кандидати за освојување на Олимписки медал во Токио, одбојкарите и фудбалерите се пласираа на Европското првенство, тука се и ракометарите, но и другите спортови бележат нагорен успех на меѓународен спортски план.

Беа презентирани договорите со Полскиот и Шпанскиот олимписки комитет, а посебно беше поздравена информацијата дека МОК, во 2022 година ќе биде домаќин на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети. Лазар Нанев беше избран за претседател, а проф. д-р Гордана Лажетиќ за потпретседател на спортско арбитражниот суд на ОКСМ.

Даниел Димевски го презентираше Деловникот за работа на Собранието како и новиот Статут со кој се регулираат правата и обврските на олимписките Национални спортски федерации кои секогаш ќе го имат мнозинството во Собранието и во Управниот одбор на МОК, а се зголемија и ингеренциите на Спортско Арбитражниот суд на МОК со кои во иднина ќе се спречат двојните раководства во Националните спортски федерации и споровите меѓу спортистите и спортските клубови. Новиот статут на МОК со кој ќе се унапреди комуникацијата, консултацијата, координацијата и соработката со НСФ-ии беше изгласан едногласно.

Даниел Димевски го презентираше и новиот проект на МОК, формирање на Лабораторија за унапредување на спортските перформанси на врвните спортисти-олимпијци во партнерство со КРИО МК (cryo.mk), но и за намалување на периодот на опоравок на спортистите по тренинг и натпревар како и намалување на периодот на опоравок на спортистите после здобивање со сериозни повреди.

Претседателот Димевски, согласно ветувањето дадено на последното Изборно Собрание, повторно побара доверба како Претседател на МОК, а членовите на Собранието составено од сите Олимписки Национални спортски федерации и истакнати спортисти-олимпијци, едногласно му дадоа поддршка да го води Олимпизмот во следните четири години.

Собранието за членови на МОК, покрај НСФ-ии кои го имат мнозинството на гласови, во следните четири години едногласно ги избраа Даниел Димевски, Дивна Пешиќ, Едина Муса, Горан Пандев, Тодор Гечевски, Владимир Богоевски, Могамед Ибрагимов, Гордана Нацева, Наталија Малахова-Тодоровска, Назим Куртовиќ, Пуликсенија Јованоска, Антонио Ристовски, Горан Србиновски, Ѓоко Диневски, Јасминка Пандаева, Руждија Калач, Весна Балазовска, Златко Калински, Венцислав Недев, Стојан Поповски, Нина Балабан, Или Марку, Гордана Николовска, Паралимписки комитет, Специјална олимпијада, Кикбокс Маитаи федерација на Македонија, Самбо федерација на Македонија, а за нови членови беа избрани и Националните спортски асоцијаци одговорни за Скејтинг, Рагби, Дигање тегови и Текбол.

Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ.

За членови на УО на МОК едногласно без избрани Даниел Димевски-претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (ВЕРО), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (РЕПЛЕК), Ленче Алексовска-Величковска, како и Националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …