(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет како зачин во кујната.
Пашканат е вкусно растение во јадењата, но уште повеќе се цени поради исклучително поволното дејство врз организмот. Токму поради идеалната комбинација на вкус и здравје, таа е една од највредните растителни култури.

Како изгледа пашканатот?
Тоа е тврд, туберозен зеленчук, налик на морков, само што е бел. Има назабени светло зелени лисја, кои растат од 50-100 см во висина.

Вкус
Сите делови на ова исклучително растение имаат карактеристична, силна и пријатна, ароматична зачинета арома и сладок вкус. Мирисот и вкусот на пашканатот доаѓаат од неговото ароматично масло, кое најмногу се наоѓа во самите плодови.

Состав на пашканатот
Енергетската вредност од 100 грама на делот што се јаде, приближно одговара на енергетската вредност на 100 грама млеко.
Половина чаша пашканат содржи 50 калории, 0 гр маснотии, 0 мг холестерол, натриум, 12 гр јаглехидрати, 3 гр диетални влакна, 3 гр шеќер, 1 гр протеини, витамин Ц, калциум и железо.
Пашканат е многу богат со протеини, јаглени хидрати, целулоза, натриум, цинк, манган, бакар, фолна киселина и витамини ПП, А, Б и Е. Коренот на пашканат содржи и големи количини на витамин Б3.

Пашканатот е одличен за здравјето
Пашканат е богат со витамин Ц, витамини од групата Б, железо, калиум, бакар, сулфур. Содржи алкалоид пастинацин кој помага при грчеви во стомакот.
– го подобрува варењето на храната
– ги зајакнува sидовите на крвните садови
– природен диуретик (стимулира излачување на урина)
– има благ смирувачки ефект
– го намалува крвниот притисок
– го подобрува апетитот

Рецепт за чај од пашканат
Помага при камен во бубрег и песок
Постапка: изрендајте го коренот на пашканатот и натопете две лажички во две чаши врела вода и оставете да отстои половина час, по што смесата се филтрира и се пие веднаш. Тоа е доза што се консумира три пати на ден пред јадење, а третманот трае 20 дена.

Совет
Не ги варете сецканите листоби од пашканат. Се додава во садот по готвењето. Истото важи и за лисјата од магдонос и целер.

Пашканат во Рим
Римскиот император Тивериј го јадел ова растение толку многу што го донел во Рим од бреговите на реката Рајна. Покрај тоа, сите поразени племиња плаќале данок, меѓу другото, и во пашканат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …