(ВИДЕО) Промоција на новата песна, видео запис и книга на Жарко Димоски

Во понеделникот, на 14.06,  во евент центарот „Ragusa 360“се одржа настанот “Equinox 4 in 1“,овозможенод Friday Communications и поддржан од Antique,на кој што познатиот македонски  актер, водител на Gentleman Magazine и пејач Жарко Димоскија промовираше неговата прва книга „Пеперутка“, како и неговата нова песна „Танцувај со мене“и видео записот за истата.

На овој уникатен настан беа присутни видни личности од културниот живот во Македонијаи вљубеници во уметноста, кои имаа можност да уживаат во мини концертот на кој Жарко Димоски ги интерпретираше и им оддаде почит на едни од  најслушаните артисти и нивнитебезвременски класици.

Како автор на музиката и аранжманот на новата песната се потпишува Димитар Андоновски, текстот е на Жарко и Андреа Димоски,  кои воедно се појавуваат и како главни ликови во спотот, меѓу кои и Мартин Костадиновски. Спотот е снимен по сценарио и режија на Жарко Димоски, во продукција на Friday Communications, на неколку локации низ Македонија и Египет.

„Пеперутка“ е првата книгата, стихозбирка на Жарко Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“, а истата можете да ја најдете во сите книжарници на издавачкиот центар.

На следниот линк можете да ја проследите новата песна и видео записот за„Танцувај со мене“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …