Шехерезада го открила полот на третото дете!

Само една година по пристигнувањето на вториот син, еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит Ергенч и неговата 12-години помлада сопруга Бергузар Корел, објавија дека очекуваат трето дете.
Веста ја најде актерката среде снимање на серијата, прва во која глумеше по тригодишна пауза.
Актерката, позната кај домашните гледачи како Шехерезада, на Инстаграм објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит Ергенч, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот. Тие веќе ги имаат синовите Али и Хан, а сега е објавено дека очекуваат девојче.


„Бременоста е и страшна и прекрасна. Постојат некои работи кои се полесни отколку во претходните бремености затоа што знаете што ве чека, но во други е многу потешко. Да речеме дека сега се здебелив 16 килограми, додека во првата бременост добив девет или десет килограми. Но, тоа се слатки грижи“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …