(ФОТО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – „Бившиот ми дава само 79. илјади долари месечно – со тоа не можам да преживеам!“

Припадничка на високото друштво на Њујорк повторно започнува тужба за развод затоа што првиот пат, вели таа, не била свесна поради антидепресиви
Членка на американското високо општество, Либи Муграби (41), чиј развод вреден 100. милиони долари ја воодушевуваше јавноста со години, повторно го отвори случајот, тврдејќи дека нејзиниот поранешен сопруг Дејвид не се придржувал до договорот, пишува Дејли меил.
Муграби се договорила со сопругот во декември и тогаш била „многу среќна“ со решението што го добила. Сепак, таа сега тврди дека поради антидепресивите што ги земала во тоа време, всушност не била свесна дека се согласува на само 79.000 американски долари месечно, од кои, како што вели, не може да преживее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Libbie Mugrabi (@libmug)

Парот има две деца заедно, Розмари и Џозеф, за кои се верува дека имаат околу 14. и 12. години. Тие се венчале во 2005. година, една година откако се запознале во хотелот „Сент Регис“ во Аспен, Колорадо.
Семејството на Давид е од Сирија и е „тешко“ околу пет милијарди долари. Тие се вистински легенди во светот на уметноста и ја имаат најголемата приватна колекција на делата на Е.Ворхол во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Libbie Mugrabi (@libmug)

Во судските документи, Либи рекла дека Дејвид и испратил две слики како што е договорено – но тие се оштетени и не се толку вредни.
Во тужбата, таа ркла дека Дејвид „намерно ги оштетил уметничките дела што тој се согласил да и ги даде според договорот за развод“.
Едно од делата била „Статуата на слободата“ на Ворхол, чија вредност е околу два милиони долари. Втората слика на уметникот Баскет, се проценува на 6,5 милиони долари.
Делата требало да бидат предадени на 6. мај, како што е наведено во договорот, во куќата во Хамптон, која Либи ја доби како дел од разводот. Исто така, и биле предадени автомобили, вклучително и винтиџ Ферари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Libbie Mugrabi (@libmug)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Свадбени фотографии од овој пар разбесниле многумина: „Најодвратни на сите времиња“

Фотографиите од венчавката на непознатата двојка се проширија на социјалните мрежи, а необичната тема на …