(Рецепт) Правиме природно средство за чистење: Лимон и лимета за дезинфекција и убав мирис на просторијата!

Лимон, лимета и оцет – состојки на најприродното средство за чистење што може да се користи каде било во домот, од бањата, кујната до прозореците.
Веднаш штом ќе ја почувствувате свежината на цитрусите, ќе добиете дополнителна желба за чистење, што честопати ни недостасува.
Состојки за спреј за чистење:
1 шише со распрснувач
сок од еден исцеден лимон
сок од една исцедена лимета
1 чаша бел оцет
1 чаша вода
Постапка: исцедете лимон и лимета, а потоа извадете ја целата пулпа преку природна крпа или филтер за кафе. Измешајте сè и додадете сок од лимон, сок од лимета, оцет и вода во шишето со спреј и добро протресете.
Попрскајте ја добиената течност на површините што сакате да ги исчистите и оставете ја да стои неколку минути за да ги растворат наслагите, нечистотијата да се подигне и површините да се дезинфицираат. Потоа исплакнете со вода.
Како делува?
Високото ниво на киселост на лимонот, лиметата и оцетот помагаат да се ослободат минералните наслаги. Покрај тоа, помага во отстранување на дамките, како што се кафе и чај, па затоа е особено одличен за чистење на кујнски мијалници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Родила тројки а после 10. дена ПОЧИНАЛА: Сопругот останал сам со пет деца а потоа ја дознал БОЛНАТА вистина!

Само 10. дена по раѓањето на чудесните тројки, нивниот живот се променил во момент Кога …