НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Летен концерт на Танец

На 17 јуни 2021/ четврток/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“   Ансамблот Танец ќе одржи Вокално инструментален концерт. Концертот ќе се реализира според сите протоколи за заштита од корона вирусот и со ограничен број на публика.

Заради протоколите ќе се поделат бесплатни влезници, кои заинтересираните ќе можат да ги подигаат од билетарницата на Центарот

во среда од 9 до 11 ч и од 18 до 20ч.  и

во четврток од 10 до 12 ч.

Програма за концертот

  1. ТИ ЛИ СЕ НАЈДЕ ЛЕНО МОРИ

солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА

  1. НЕ МИ СЕДИ КОКОНО

солист: ДРАГАН НИКОЛОВСКИ

  1. ГУГУТКА ГУГА У ГОРА

солистка: ГАБРИЕЛА НОВЕВСКА

  1. ПОДРАНИЛА ЦЕНА

солист: ДАЛИБОР ЃОШИЌ

  1. АЈ ИЗНИКНА МИ БАДЕМ ДРВО

Солистка: ЕЛЕНА АНДОНОВСКА

  1. КИРАЈЏИЧЕ, ЈАБАНЏИЧЕ

Солист: КИРИЛ МИТОСКИ

  1. ОРКЕСТАРСКИ СПЛЕТ

Оркестарот на „Танец“

  1. СЕДНА ЛУДО ДА ВЕЧЕРА

Женско вокално трио

  1. РАНИЛА МОМА

Машко вокално трио

  1. АЈ ЃОРУШИЦЕ

Солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА

  1. МОРИ МОМЕ МАЛОЈ МОМЕ

Вокален дует: СУЗАНА СПАСОВСКА И ДАЛИБОР ЃОШИЌ

  1. ЛИЛЈАНО МОМЕ УБАВО

Вокален дует: ГОЦЕ ЦОНЕВСКИ И ПЕТАР МЕХАНЏИСКИ

  1. МОМЕ СЕДИ НА ПЕНЏЕРИ

Женска вокална група

  1. ЌЕ ТЕ МАЖАМ ЗОРЕ

Машка вокална група

  1. САЛ СИ ОДАМ, САЛ СИ ПИТАМ

Мешана вокална група

 

Настапуваат: Оркестарот, хорот и солистите на ансамблот „Танец“

Раководител на оркестарот: Дарко Илиевски

Раководител на хорот: Гоце Цоневски

ЗА ТАНЕЦ

Ансамблот „Танец“ повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност, седум децении е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и седум децении е подвижен музеј на нашата духовна култура насекаде низ светот.

Формиран е на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа.

Со именувањето на првиот директор Емануел Мане Чучков, началникот на музичкиот оддел Живко Фирфов и раководителот на играорниот кор Рафе Живковски, веќе првата година од дејствувањето на ансамблот била година исполнета со многубројни активности, селекции, аудиции, патувања низ земјата заради пополнување на неговите редови и собирање на автентични народни носии, но и година на поставување на основната програмско-репертоарска концепција. Оттогаш, па наваму сè е веќе историја. 71 блескави години проткаени со илјадници концерти, антологиски кореографски поставки, недобројни успеси, милионски аудиториуми и бројни награди.

„Танец“ е македонскиот бит, но и македонската должност кон него. „Танец“ се сите генерации врвни ороводци и солисти, играорци, песнопојци, инструменталисти и раководители. Сите тие, веќе 72 години посветено се грижат за народните игри и песни, обичаи  и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточуваат македонскиот бит пред светот. „Танец“ е нашиот бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи, ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската убавина на нашето наследство.
За квалитетот и уметничката вредност на „Танец“ говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, меѓу кои и престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”. Оттука, претставува престиж „Танец“ да се има во својата концертна програма на домашните сцени, но и насекаде низ светот.

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …