Заборавете ги веднаш! Овие намирници го саботираат вашиот организам и имунитет!

Без оглед колку изгледа дека знаеме сè за храната, дали знаете кои состојки го саботираат нашиот имунитет
Во секојдневната рутина користиме различни намирници, а за многумина не сме ни свесни дека тие го уништуваат општото здравје на нашиот организам и целосно го загрозуваат нашиот имунитет. Оваа храна нè прави помалку отпорни на разни болести, вклучувајќи го и вирусот корона.
Три намирници се особено нагласени во секој сериозен разговор со нутриционистите, па затоа мора да ги избегнуваме во широк круг.

Три „опасни“ намирници

Алкохолни пијалоци
На подолгиот список на причини за ослабен имунолошки систем додадете го и внесот на алкохол, бидејќи прекумерното испивање на алкохол може да доведе до намалување на способноста на организмот да се бори против болести. Покрај тоа, алкохолот може да придонесе да бидете подложни на пневмонија, побавно зараснување на раните и бавно закрепнување од болест.

Газирани сокови
Газираните пијалоци засладени со шеќер не носат ништо добро освен празни калории од шеќер. Покрај тоа што придонесува за дебелина и сродни хронични болести, кои се поврзани со намален имунолошки систем, прекумерната потрошувачка на шеќер може исто така да го зголеми воспалението и да ја загрози можноста за борба против болести.

Замрзната храна
Ова првенствено се однесува на готови замрзнати оброци, бидејќи за разлика од брзо замрзнатиот зеленчук, тие не содржат скоро никакви хранливи материи, туку само празни калории. Иако во забрзаното секојдневие се почесто посегнуваме по вакви брзи решенија подобро е да се испржат јајце отколку да се подготви готов оброк во микробранова печка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …