ГРАВ, мало зрно полно со здравје: Зошто треба редовно да го јадеме?

Гравот е богат со витамин Б, витамин Ц и каротин, како и калциум и железо.
Гравот е растение кое долго време се користи во исхраната на луѓето.
Покрај одличниот вкус, гравот е и многу здрав, бидејќи содржи голема количина витамини Б и Ц, каротин, калциум, калиум, железо, фосфор, магнезиум, цинк, натриум.
Тој е одличен извор на протеини, и за разлика од другите извори на маснотии, гравот има многу малку од нив, така што не ги содржи ниту оние заситените или холестерол.
Исто така е одличен извор на фолна киселина, поради што особено се препорачува за бремени жени.

Грав и холестерол
Бидејќи има висок процент на растворливи влакна, гравот го намалува лошиот холестерол, без оглед на бојата на гравот.
Имено, за да се победи лошиот холестерол, потребно е да се земат шест грама растворливи влакна на ден, а половина чаша варен грав содржи скоро три грама од тие влакна.

Грав и дијабетес
Гравот е одлична храна за дијабетичарите и оние кои се изложени на ризик од дијабетес тип 2, бидејќи тие содржат голема количина на растворливи материи кои го спречуваат организмот да зема шеќер од храната.

Грав и други болести
Гравот е една од ретките намирници кои имаат повеќе калиум од натриум, па затоа го намалува крвниот притисок и делува диуретично, односно помага да се исфрли вишокот течност.
Секој што има предиспозиција за мозочен удар треба да јаде грав неколку пати неделно, бидејќи половина чаша содржи повеќе од 600 милиграми калциум.
Редовното консумирање на грав наводно го намалува ризикот од срцев удар.

Истражување за рак
Опсегот на фитохемикалии што се наоѓаат во гравот наводно ги штити клетките на ракот и го забавува растот на туморот.
Истражувачите од Харвард спроведоа студија според која жените кои јаделе грав најмалку двапати неделно имаат 24% помали шанси да развијат рак на дојка, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и карцином на дебело црево, бидејќи гравот собира токсини од организмот.

Кој вид грав е најздрав
Научниците од Државниот универзитет во Колорадо тестирале шест вообичаени видови грав што може да се најдат на пазарот, и ја измериле количина на антиоксиданти во секој од нив.
Тестирањето покажа дека црвениот, шарениот и темносиниот грав има до десет пати поголеми количини на антиоксиданти и други лековити супстанции отколку белиот и жолтиот грав.

Занимливости за гравот
Добро познатата изрека „просто како грав“ нема никаква врска со подготовката на гравот како јадење, што е логично, бидејќи самото подготвување на грав бара многу време.
Оваа изрека се однесува на нешто сосема друго.
Имено, во времето на античките Грци и Римјани се организирале свечености пред доаѓањето на убавото време, па актерите излегувале на сцената и јаделе мешунки и пченица.
Јадењето такви плодови било ритуал на „јадење на Бог“, односно глупост, па со текот на времето, гравот започнал да се поврзува со лудило и глупост, поточно: „просто како грав“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …