(ВИДЕО+ФОТО) КРВАВИОТ СНЕГ НА АЛПИТЕ изгледа егзотично а всушност е последица на нешто ЗАГРИЖУВАЧКО!

Француските истражувачи се обидуваат да откријат што се крие зад феноменот што го нарекоа „глацијална крв“ кога снегот ќе добие необична црвена боја.
Иако француските Алпи се покриени со снег во текот на зимата и пролетта, во летото снежните наслаги добиваат различни нијанси од розова до крваво црвена.

Која е причината за крвавиот снег
Се верува дека цветањето на црвените микроалги е причина за сè, а истражувањата покажуваат дека слична работа се случува и на другите планински врвови ширум светот.
Сепак, иако алгите се појавуваат на планините во сè поголем број, досега изгледот на нивното цветање не е најдобро објаснет.


Затоа научници од неколку различни институти одлучија да истражат типови алги, изјавил Ерик Маршал, раководител на лабораторијата за физиологија на растенијата на Универзитетот во Гренобл, објави „Лајв сајенс“.
Тие набљудувале алги на француските Алпи за да откријат кои видови живеат таму и што предизвикува тие да започнат да „крварат“.
Иако алгите можат да произведат големи количини кислород, од време на време тие можат да се размножуваат со толкава брзина што всушност ја нарушуваат природната рамнотежа, што доведува до црвена боја.

Бојата зависи од пигментот
Аделин Стјуарт, која работела на истражувањето за време на своите докторски студии, вели дека алгите се „основата на сите екосистеми“.
Црвената, зелената, сивата или жолтата нијанса зависи од нивните пигменти и други молекули кои алгите ги користат за да се заштитат од ултравиолетовото зрачење.

Бидејќи овие нијанси апсорбираат повеќе сончева светлина, снегот се топи. Тоа, на долг рок, може да ги намали глечерите, велат научниците.
Тие земале примероци на почва од 5. врвови на различни висини, истражувајќи ја ДНК на алгите и било утврдено дека еден од клучните видови на Сангвин сака да расте на надморска височина од скоро 2.000 метри.

Фото: Принтскрин/Youtube/PBS Terra

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 04.12.2021: Подобро е да ги смирите страстите отколку да се вклучите во дискусија -размислете за можните последици…

Овен Љубов: Ако ви е важно да влијаете на мислењето на партнерот, употребете малку лукавство. …