(ФОТО) КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН СЕ ОГЛАСИ ОД БОЛНИЦА: Прва фотографија и најјака порака до соиграчите – „Играјте за цела Данска!“

Фудбалерот на ДАНСКА, Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар на мечот против Финска во првото коло на Европското првенство, се јави од болницата.
Здраво на сите. Ви благодарам многу за слатките и неверојатни честитки од целиот свет. Многу ни значи на моето семејство и мене. Добро сум во вакви околности. Морам да поминам уште неколку прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за момците од данската репрезентација на следните натпревари. Играјте за цела Данска – напиша Ериксен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Ериксен доби пораки за поддршка од целиот свет откако падна на теренот среде натпревар. За среќа, лекарите по голема борба успеаја да го вратат во живот.
Сега се опоравува во болницата и секојдневно прави прегледи за да се утврди што предизвикало срцето да престане да работи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …