Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ дари 500. примероци од книгата „Како да станам свој“ на основните училишта со име „Блаже Конески“ а во чест на 100-годишнина од раѓањето на Конески

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на македонскиот литературен јазик, Фондација „Д-р Михаил Левенски“,заклучно со вчера, 14 јуни, реализираше неколкудневен проект во кој беа опфатени основните училиштата со име „Блаже Конески“, ширум нашата татковина.

„Д-р Левенски, низ збор и дела настојуваше да се поддржат и поттикнат младите, со цел да се придонесе да го бараат и најдат своето место и да го препознаат, вреднуваат и надградуваат своето „сè“.  Овие книги се негов аманет и со голема радост и гордост ги даруваме. Соовојдаризразувамепочити кон наставниот кадар и вработените во училиштата, за нивнитезаложбиза едукација и градењездравамладинакојаштопонатамуќеинспирира, мотивира и создава, негувајќиголитературниотмакедонскијазик и продолжувајќигоимето и делотонасвојотпатрон,БлажеКонески“ – изјави претседателот на Фондацијата, Никола Левенски Миљаниќ, којшто заедно со актерката Драгана Левенска и други членови на семејната Фондација, го осмисли и реализираше проектот.

Фондацијата изразува благодарност, за  препознавање на вредноста на проектоти сесердната поддршка,до директорите на основните училишта: Ангелка Баракоска – О.У. „Блаже Конески“ во Прилеп;Сузана Настовска –О.У. „Блаже Конески“ во Скопје;Јованче Манасков–О.У. „Блаже Конески“ во Велеси Зурат Куртовски –О.У. „Блаже Конески“ во с.Скудриње, Општина Маврово-Ростуше. Посебна благодарност упатува до психолозите, педагозите, македонистите и библиотекарите, со чијашто помош беше реализиран овој проект со којшто одбележуваме ново пријателство меѓу Фондацијата и училиштата.

Училишните библиотеки и сите полуматурантите од основните училишта „Блаже Конески“ во Велес, Скудриње, Прилеп и Скопје, добијана дар, вкупно 500 примероци од книгата „Како да станам свој“ од областа на психопедагогија, којашто д-р Михаил Левенски ја посвети токму на младите.Проектот се одвиваше со директна посета на училиштата од страна на тимот на Фондацијата, низ срдечни средби и разговори со раководниот и наставниот кадар, како и со учениците, секаде согласно протоколите, концептот и можностите: во училишни дворови, на игралишта или во големи училници, сали и поливалентни простори. Со оваа донациија, сите полуматуранти заедно со сведителството добија по една книга,сонадеждекатааќестанееденоднивнитенајдобрипријателисокојштополесно, посигурно и погордоќесепробиваатпопатотнасебеосознавањето и себеизградувањето.

__________________________________________________________________________________

Д-р МихаилЛевенски (1942-2010), психијатар и писател: поет, раскажувач и драматург. Автор е наголембројлитературнидела, радио и ТВ драми и сценаријазафилмовикаконакнигата „Какодастанамсвој“ – посветенанамладитезасебеизградување, мотивација и себереализација.  Д-р МихаилЛевенски е докажанхуманист, поборникзавистина, правда и човеководостоинство.

Фондацијата „Д-р МихаилЛевенски“, основанаво 2012 годинаоднеговотосемејство,  продолжувададелуванаполетона „човекољубие и природољубие“, подслоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …