Словенија прогласила крај на пандемијата со корона вирус:„Завршено е!“

„Епидемијата на коронавирус заврши“, било речено денес на прес-конференцијата на словенечката влада.
Сепак, дел од мерките ќе останат на сила.
Тековните мерки ќе бидат во сила до четврток, а потоа тие можат да бидат преиспитани.
Според словенечките медиуми, носењето маска ќе остане задолжително на затворени јавни простории, исто како и употребата на средства за дезинфекција и одржувањето на пропишаното растојание.
„Денеска е последен ден од епидемијата во Словенија. Епидемиолошката состојба во Словенија е поволна. Секој што ги следеше мерките, одлучи да се вакцинира и пред се’ постапи одговорно”, рекол портпаролот на словенечката влада, Маја Братус на конференцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …