(ВИДЕО) Ris Flower, го претстави “All I Wanna Know” прв сингл од новиот проект “Live Power Session” 

После фантастичните два синглови “Translucent” и “Set Me Free” со кои Ris Flower ја започна својата интернационална кариерана своите фанови им носи ново супер изненадувањенов  сингл со наслов “All I Wanna Know”. 

Новиот сингл е дел од проектот “Ris Flower – Live Power Session” кој e комплетно снимен во живово сега веќе легендарната Универзална Сала. 

Ris Flower со овој проект го прикажува и докажува она што одсекогаш било негова најголема “сила” , а тоа се секако настапите во живо. 

После првите два сингла снимени во студио и затворени поради корона вирусотедноставно морав да застанам на бина со мојот бенд и макар и без публика да уживаме на краткотака и се роди идејата за овој проект кој во следниот период ќе го споделам со сите Вас. 

Им ветувам на моите фанови дека за брзо време повторно ќе бидеме заедно “- Ris Flower 

Синглот “All I Wanna know” е достапен  на VEVO каналот на Ris Flower  

како и на најпосетените стриминг платформи 

 
Ris Flower, “All I Wanna Know” прв сингл од новиот проект “Live Power Session” 

Видео линк “All I Wanna Know” 

Проект “Live Power Session”  

Продуцент Mustafa CanbazlarArikan Sirakaya и Ris Flower  

Mix&MasteringArikan Sirakaya – Studio Ari / Истанбул 

Вокал – Ris Flower  

Гитара– Филип Пулески  

Клавијатура и придружен вокал – Стефан Алексовски  

Бас гитара – Ѓоко Максимовски (Ѓоле) 

Тапани – Кристијан Лафазановски 

Режисер – Бруно Вељановски  

Директор на фотографија – Борис Ралев 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …