(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ДОБИЛА СПЕКТАКУЛАРНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ: Се огласил таткото на малечкиот Том, кој доби рекет од Ѓоковиќ, и открил што се случило подоцна!Новак е ЧУДО!

Момчето Том, кое го привлече вниманието на јавноста во финалето на Ролан Гарос, не престанува да биде во центарот на настаните дури и’ неколку дена по завршувањето на Грен слемот.
Новак по завршувањето на мечот му го даде рекетот на момчето кое цело време го бодреше од публиката, а неговата реакција ги насолзи очите на многумина.
Сега се огласи таткото на момчето и открил што се случувало по моментот што го воодушеви целиот свет.
„Тој дојде на мечот во српска маица“, открил неговиот татко за францускиот сајт „Francebleu“, а потоа ги опиша деталите за време на мечот, особено кога Новак ги загубил првите два сета од Циципас во финалето.


„Тој започна многу силно да го охрабрува Новак, кој го забележа. Воспостави мала врска. Кога дојде да седне спроти нас, го погледна Том и ги крена палците нагоре и намигна”, открил неговиот татко.
Откако Новак по неверојатен пресврт успеа да го совлада Циципас и да го достигне својот 19. грен слем трофеј, тој дојде до малиот Том чија поддршка му даде енергија да направи пресврт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by le carnet de Paris (@lecarnetdeparis)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by le carnet de Paris (@lecarnetdeparis)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by le carnet de Paris (@lecarnetdeparis)

Откако го видел како скока од радост, Новак го погледнал Том и му рекол да остане таму: „Ќе се вратам подоцна“, му ветил најдобриот тенисер во светот, кој по финалето имаше обврски да дава интервјуа и да ја одработи церемонија на доделување трофеј .

По доделувањето на пехарите, Ѓоковиќ отишол до торбата и во неа пронашол две капи. Се врати кај Том и едната му го дал нему а другата на сестра му.

„Тоа е многу топол момент за него, мислам дека никогаш нема да го заборави. Новак му значеше многу, тоа беше момент на среќа. Тој беше неверојатно среќен. Сигурен сум дека зборуваше за тоа со неговите пријатели. Ова утро тој сакаше да ја земе својата капа и да ја однесе на училиште. Тоа е момент што ќе остане врежан во неговата меморија засекогаш. Тој сакаше да ја носи капата и попладне. Тој игра на турнирот во сабота, Мислам дека ќе го носи и тогаш“, заклучил таткото.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …