Актерката од филмот Gone Girl починала откако ја удрил електричен ромобил

Актерката Лиса Бејнс почина по несреќата во Њујорк. Имаше 65 години.
Актерката ја удрил возачот на електричен ромобил, кој по несреќата побегнал од местото на настанот, а полицијата сè уште трага по него. Несреќата се случила на 4. јуни, а Лиза починала 10. дена подоцна, во понеделникот, пишуваат американските медиуми.
Лиса таа вечер отишла да се сретне со сопругата Кетрин Кранхолд во еден ресторан, но додека одела по патот, на неа налетало електрично возило. Таа претрпела тешки повреди на мозокот од кои не била во можност да се опорави.

Полицијата замолила да ги контактира секој што има информации за инцидентот.
Лиза Бејнс е позната на пошироката јавност по улогата во филмот „Gone Girl“ во 2014 година и по соработката со Том Круз во филмот „Коктел“ во 1988 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …