(ФОТО) НОВАК ТИ СИ СУПЕРМЕН! ТИ СИ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН! Славниот ГЛУМЕЦ горд на триумфот на Ѓоковиќ и јавно му се обратил!

Хју Џекман во моментов е во карантин во Австралија, од каде го следел натпреварот помеѓу Циципас и Ѓоковиќ и на Инстаграм стори се огласи по триумфот на Новак.
– Големи прегратки и честитки за Новак. Батка, ти си супермен! Победник на Ролан Гарос, во машкото финале во 2021 година – порачал Хју Џекман. а пред тоа напишал.


– Се будам на 3-тиот ден од карантин во Австралија за да го гледам маестралното финале за мажи на Ролан Гарос. Со еден збор, епско. Сигурни сме дека Стефанос Циципас ќе го видиме на уште многу натпревари, честитки за единствениот Новак Ѓоковиќ!


Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас, и со тоа стигна до втората грен слем титула во Париз и 19-та во кариерата.
Новак на прес-конференцијата отворено зборуваше за неговиот успех, а на новинарите им кажа и за што размислувал откако загубил два сета.


– Слушнав два гласа – еден ми рече дека не можам да свртам, дека е готово. Тој беше прилично гласен по вториот сет. Почувствував дека е време да се посветам на другиот глас. Си реков дека можам да го направам тоа, почнав да си го повторувам себе си за да верувам. Кога започна третиот сет, се чувствував подобро. После тоа, немаше сомнеж во мене – рекол Ѓоковиќ.

Фото: Монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …