(ФОТО) Ериксен, со потегот од болницата, ги импресионирал своите соиграчи…

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, откако помина низ животна драма за време на натпреварот против Финска на стартот на ЕУРО 2020, се огласил преку менаџерот и рекол дека е добро.
„Разговаравме, тој е добро расположен. Лекарите вршат детални прегледи, сите, вклучително и тој, сакаат да знаат што се случило. Неговата сопруга и родителите се со него, тој ќе има нови прегледи денес, можеби во вторник, но тој сигурно сака да ги поддржи своите соиграчи против Белгија“, изјавил менаџерот Мартин Скутс за „Газета дела спорт“.
Данска беше поразена од Финска со 1:0, а натпреварот против Белгија се игра во четврток.
Инаку, Ериксен не ги импресионираше своите соиграчи само со желбата да дојде на стадионот и да даде поддршка против Белгија.
Тој исто така направил и видео порака.
„Имавме видео повик, се слушнавме и ја видовме неговата насмевка. Тогаш тој рече ‘како сте сите’, и тоа е потврда дека тој секогаш мисли повеќе на другите отколку на себе“, рече Каспер Хјулманд.
Данска ја чека Белгија на Паркен во Копенхаген, во четврток во 18. часот.
На првиот натпревар Белгија ги победи Русите со 3:0.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ:74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во …