Филмот „Рока го менува светот“, за најмладите, во кината

Во скопска Кинотека вечерва од 18 часот се прикажува филмот „Рока го менува светот“ за најмладата публика, но и за целото семејство. Филмот е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Лингрен, најпозната по романите за Пипи Долгиот Чорап. Станува збор за германска продукција во режија на Катја Бенрат.

Во него, главен лик е единаесетгодишната Рока, која е како девојче од друга планета.Таа е супериорна во техничката и социјалната комуникација во однос на нејзините врсници, има сила да го менува светот, и со таа мисија започнува во нејзиното непосредно окружување.Рока се бори за правда и без страв им се спротивставува на насилните врсници кои ги малтретираат послабите.Рока, всушност, израснала во изолирана средина, и тоа не било каква, туку во вселенска станица. За тоа секојдневниот живот во Хамбург, за неа изгледа многу чудно.И покрај тоа, Рока ги задржува својот отворен дух и духовитоста, пријателски настроена кон другите.Секогаш полна со оптимизам, Рока се бори да ја зачува својата независност и да докаже дека и децата имаат моќ да го менуваат светот…

roca

„Рока го менува светот“ беше во минатогодишната конкуренција за Наградата на младата публика на Европската филмска академија. Децата – актери од филмот на Бенрат ги освоија националните германски филмски награди, беше најдобар филм на популарниот фестивал за деца „Џифони“ и на фестивалот во Луксембург…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …