Ослободете се од пестицидите во овошјето и зеленчукот

Научниците тврдат дека сода бикарбоната е ефикасна во миењето пестициди од овошје.
Американски научници тврдат дека состојката што домаќинките ја имаат во кујната – сода бикарбона, е ефикасна при плакнење пестициди од овошје. „Во Америка, количината на пестициди во јаболката е под постојана контрола“, вели Лили Хе, една од главните авторки на ова истражување. Научниците истакнуваат дека овошјето апсорбира пестициди и дека може да се измие со сода бикарбона.
Сепак, досега никој не измерил колку длабоко пестицидите навлегле во овошјето. „Ние први проучивме како да откриеме колку длабоко навлегле пестицидите во овошјето и до кој степен е можно да се измијат“, рекал таа, додавајќи дека таа и нејзините колеги користеле органски јаболка во експериментите. Тие го залиле овошјето со најголема дозволена количина пестициди во согласност со правилата.


Потоа се обидоа да ги измијат со обична вода и сода бикарбона. По петнаесетминутно плакнење со сода бикарбона, од површината на овошјето биле отстранети скоро сите хемикалии, но некои сепак останале длабоко во овошјето. Дури и сода бикарбона не стигнала толку далеку. „Кората од јаболко е полна со хранливи материи, но содржи и многу пестициди. Кога јадете јаболко, можете да изберете дали да го излупите или не. Сепак, не можете да го примените тоа на овошјето како грозје или зеленчук како спанаќ“, рекла Хе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Истражувањата откриваат дека само ЕДНА РАБОТА НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ: Оние што го имаат ОВА, а тоа не се пари и кариера, живеат МНОГУ ПОДОЛГО И ПОДОБРО ОД ДРУГИТЕ

Според грчкиот филозоф Платон, за да имаат среќен живот – душа, разум, волја и желба, …