ЛАЈКА – Отворен ден за волонтери на 19. јуни од 10. до 14. часот

ЈП ЛАЈКА ги повикува сите љубители на кучиња на 6-тиот по ред ОТВОРЕН ДЕН, кој ќе се одржи во сабота, 19.06.2021 од 10:00-14:00ч.
Како дел од програмата на ОТВОРЕНИОТ ДЕН, волонтерите ќе имаат можност да се запознаат, дружат, забавуваат, играат, да ги чешлаат и бањаат кучињата, а истовремено да уживаат со нив во неколкучасовни едукативни и креативни активности во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.
Притоа ќе може да добијат информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ коишто имаат поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети за вдомување на куче.
Градењето на хумани генерации и подигнувањето на свеста за грижа на бездомните кучиња е една од целите на програмата на ЈП Лајка.
Сите заинтересирани може да се пријават на 📩volontiraj@lajka.com.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскопски парови кои во креветот имаат експлозија на страст

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …