За прв пат нов филмски предизвик #WesternBalkansChallenge

Денес, во рамките на платформата #EuropeanFilmChallenge_МК започнува новиот филмски предизвик,#WesternBalkansChallenge, зафилмофилитеодСрбија и Македонија.

Предизвикот е отворен од 14. јуни до 11. јули во кој учесниците ќе требаза 4 недели да изгледаат 4 филмови продуцирани или ко-продуцирани од држава од Западен Балкан на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или пак на некоја од легалните видео – стриминг платформи.

За време на предизвикот ќе бидат промовирани многу филмови кои ќе носат екстра поени, дополнителна адуио-визуелна содржина, интервјуа и игри што ќе му помогнат на победникот да освои најмногу поени и да отпатува во Белград на 14. Интернационален фестивал на документарен филм БЕЛДОКС 2021, од 9. до 16. септември.

Официјално, #WesternBalkansChallenge започнува вечерва со специјалната проекција на филмот 18% Grey (2020) во Кино Фросина (МКЦ)во 20:30 часот во рамки на одбележувањето на Денови на Креативна Европа МЕДИА.

Сите штосакаат да го проследат филмот18% Grey вечерва потребно да направат резервација преку следниот линк. Филмот носи екстра 40 поени во #WesternBalkansChallenge.

Љубителите на филмот можат да се вклучатвопредизвикотсо регистрацијанаhttps://europeanfilmchallenge.eu/mk/, и да го следатнасоцијалнитемедумуми Facebook и Instagram.

Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Во Македонија проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во 9 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- КреативнаЕвропа и Европската филмска индустрија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …