Деловски и Томи Тасев со прва заедничка песна, германски лејбл ги поддржа македонските музичари

Riot е првата заедничка песна на македонските диџеи и продуценти Деловски и Томи Тасев. Песната, која е во издание на продуцентскатакуќаSmthngelseодГерманија, веќе е промовирана на Spotify, iTunesи сите поголеми стриминг платформи во светот.

„Идејата за Riot  се роди лани во ноември. Најдов предобар машки вокал, кој веќе го испеа текстот и решив да направам песна базирана на вокалот. За кратко време ја имав првата демо верзија на песната. Бидејќи сакав да направам мали измени во текстот, го исконтактирав вокалистот, а тој ми одговори дека има потпишано ексклузивен договор со продуцентската куќа што ги издава неговите вокали и дека не смее да прави измени на испеаното“, вели Деловски.

Тој потоа демото му го испратил на Тасев и заедно решиле да најдат македонски пејач кој би ја испеал песната онака како што тие ја замислиле.

„Исконтактираве неколку музичари, сите беа добри, некои и над нашите очекувања, но на крајот решивме да ја издадеме Riot со првичниот вокал. Со Томи ја завршивме песната пред неколку недели и сега конечно ја промовираме преку германската продуцентска куќа со која имаме потпишано договор“, додава Деловски.

Деловски е музички продуцент и диџеј одСкопје, кој е дел од електро сцената од 2011 година.Тој е еден од најреномираните mashups/edits DJ-и на балканов. Ова реноме го стекна преку познатата диџеј страна demodrop.com, каде што го следат над 13.000 диџеи од светот и ги пуштаат неговите едити на своите настапи.

Дел од нив, се пуштани на најголемите фестивали во светот како што се Tomorrowland и Ultra Music Festival, па и на светски радио станици меѓу кои BBC Radio 1 London и Hakkasan Las Vegas Radio.

Деловски настапува во многу клубови и локали низ земјава. Освен што настапува како диџеј, тој во иднина најавува соработка со познатата македонска етно група„Синтезис“ и со еден од најдобрите македонски бендови„Нокаут“.

Томи Тасев е македонски диџеј, продуцент и музичар,со седиште во Сент Гален, Швајцарија. Неговата музичка приказната започна 2006 година, кога почнал да пее и да свири пијано во училишниот бенд. Во 2013 година почнува да се занимава со музичка продукција, една година подоцна да работи и како диџеј.

Во 2018 година Тасев ја издава својата прва песна Broken, со што почнува да се менува и неговата музичка кариера. Шест месеци подоцна следи One Look One Smile, а во 2019 година настапи на еден од најголемите летни настани воМакедонија, Струмица опен фестивал.

Тој неодамна доби признание од Спотифај како артист со еден милион преслушувања на оваа музичка платформа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Македонската естрада доби одлична пејачка: Сара Гигова ја промовира својата прва авторска песна „Ладно лето“

Македонската музичка сцена од денеска е побогата за уште еден нов член. Се работи за …